СДСМ: Наќе Отсјај да не се обидува да ја забошоти истрагата, целото негово дејствување е во функција на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

0
144

Откако не успеа, сега Наќе Отсјај вели дека Одделот за внатрешна контрола ќе го истражи случајот, за веднаш потоа да каже дека во скандалозниот обид да се спречи хумана акција, било постапувано согласно процедурите и стандардите.

Ваквите контрадикторни ставови на Наќе Отсјај само покажуваат дека тој и во овој случај сака да се стави над законите, над процесите.

Да не се обидува Наќе Отсјај да ја заташкува истрагата, одговорност мора да има.

Ваквото негово однесување не е новост, слично тој постапи и за сомневањата дека неговиот шеф Христијан Мицкоски посетувал фитнес центар кога такви објекти не смеат да работат, кога предвреме сакаше да ја затори истрагата а за сомневањата дека придружниците на Мицкоски носеле ракавици, истакна дека тоа било отсјај од светлината.

Целокупното дејствување на Наќе Отсјај е во фунцкија на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, наместо за почитување на законите, наместо за граѓаните, тој се грижи единствено за потребите на неговиот шеф Мицкоски.

Со ваквите постапки граѓаните можат да се потстат на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и МВРО-ВМРО, реагираат од СДСМ.

Извор Канал5