СДСМ смета дека антикризните мерки спасуваат работни места, од ВМРО-ДПМНЕ велат власта ја урнисала економијата

0
98

Уште од рано изутрина СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со партиски препукувања преку партиски соопштенија.

Од владејачката СДСМ се пофалија дека над 21.500 компании добиле поддршка за исплата на плати и дека владините антикризни мерки спасувале работни места.

-Антикризните мерки, понудени од владата предводена од СДСМ, како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата им помагат на многу компании, а само финансиска поддршка за исплата на плати за април и за мај 2020 добија над 21.500 фирми.

Досега се одобрени 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати од 14.500 по вработен. Најголем интерес за оваа мерка покажаа компаниите од секторите, кои се најпогодени со кризата и тоа 2.377 фирми што се занимаваат со угостителска дејност и 2.177 компании од областа на транспортот.

Оваа мерка ја искористија и 2.164 физички лица кои вршат самостојна дејност, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат. Тие сметаат дека македонската економија со владата предводена од СДСМ го допрела дното.

-Економијата во Република Македонија крахира, а граѓаните се доведени до питачки стап. Единствено што блеска се бизнисите на Заеви. Поради лошото владеење на СДСМ денес имаме буџетската дупка, која што во само првите три месеци е 120 милиони евра, а за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди. Додека над 33.000 работници од угостителството се времено отпуштени од работа, додека секое семејство се задолжи за 15.000 денари, оваа криминогена влада стимулира отпуштање на работници и врти милионски суми од криминални тендери. СДСМ успеа за три години да ја урниса државата и економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор Фокус