Словенечката влада објави крај на епидемијата

0
131

Словенија е првата земја во Европа што прогласи крај на пандемијата. Одлуката на словенечката влада следува откако само 35 лица се заразени во последните 14 дена. По оваа одлука, граѓаните што доаѓаат во Словенија од земјите на ЕУ не се бара повеќе да бидат во задолжителен карантин, туку само оние што патуваат од земјите кои не се членки на ЕУ.

Покрај Словенија, Грција најави дека од утре ќе ги отвори плажите, но со ограничување на бројот на туристи, максимум 40 лица на 1.000 метри квадратни и оддалеченост од четири метри меѓу чадорите.

И соседните земји размислуваат за отворање на границите. Албанскиот премиер Еди Рама најави отворање на границите со Северна Македонија, Грција, Косово и Црна Гора.

Српските власти најавија дека ќе ги отворат границите за слободно движење на граѓаните со Северна Македонија, Албанија, Босна Херцеговина и Црна Гора. Но, српските медиуми пренесуваат дека од лицата кои сакаат да влезат во Србија, ќе биде потребно да направат брз тест на граница.

Црна Гора е на пат да стане земја без корона вирус, велат црногорските власти. Таа е првата земја во Западен Балкан што регистрира помалку или нула новозаразени случаи во последните две недели.