Словенија ги отвори аеродромите

0
97

Словенија од вторник ќе го дозволи воздушниот патнички сообраќај, соопшти словенечката влада вечерва, пренесува „Ројтерс“.

Аеродромите во Словенија се затворени за сообраќај осум недели.

„Забраната за меѓународни летови од ЕУ и други земји кон словенечките аеродроми повеќе не е потребна“,

пишува во владиното соопштение.

Словенија досега регистрираше 1 460 случаи на заразени и 102 починати.

Германската компанија „Фрапорт Франфурт“ која стопанисува со најголемиот аеродром ја поздрави одлуката, но и потенцираше дека повеќето од авиокомпаниите веќе ги одложиле летовите до крајот на мај.