Словенците ќе добијат ваучери од 200 евра за летување

0
144

Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените од епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.

Владата во Словенија на сите полнолетни државјани ќе им додели ваучер од 200 евра кој што ќе може да го потрошат за летување на некоја од дестинациите во земјата. Целта е да се стимулира локалниот туризам.

Ваучери ќе добијат и земјоделците но и пензионерите, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за плаќање сместување и истите нема да може да се користат за плаќање во ресторани и угостителски објекти.

Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените од епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.