Сопственик на кафуле во Арачиново фалсификувал дозвола за движење во полициски час

0
72

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.М.(35), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, во својство на управител на кафе бар, во период на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, си издал „дозвола за движење на вработен“ во која навел дека ја издава заради менаџирање на објектот, а за кој е во важност забрана за работа.

На 16.04.2020 во 23.30 часот, за време на забрана за движење, на влез во село Арачиново, пријавениот бил сопрен од полициски службеници, при што на увид ја приложил лажно изработената дозвола.