Состојба со коронавирус на светско ниво: Над 5 милиони заболени и 300 илјади починати

0
73

Над 5 милиони заболени од коронавирусот, најголемиот дел од нив во САД.

Според последните податоци објавени на реномираниот Џонс Хопкинс Универзитет, на светско ниво покажуваат бројка од над 5 милиони заболени од коронавирусот, најголемиот дел од нив во Соединетите Американски Држави со еден и пол милион заболени, следена од Русија и Бразил каде изминатиот период бројката на заболени вртоглаво се искачи.

На светско ниво исто така регистрирани се и над 300 илјади смртни случаи и од вирусот, а позитивна вест е тоа што има преку 2 милиони оздравени пациенти.