Србија оди на избори на 21 јуни

0
123

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека парламентарните и локалните избори ќе бидат одржани на 21 јуни.

Претседателот го соопшти ова по состанокот со претставници од партиите кои најавија дека ќе излезат на избори.

„Ние ја прифативме идејата некои политички партии, кои бараа дополнителни пет дена, за изборна кампања, во согласност со законот, да имаат 38 дена до тогаш. Изборите ќе бидат на 21 јуни“, рече Вучиќ.

„Ќе донесеме упатство за спроведување избори и во него ќе биде консултирана струката, како и на кој начин безбедно да се организираат изборните активности, а потоа за време на самиот изборен процес ќе одлучуваме со епидемиолозите како понатаму“, додаде Вучиќ.