Србија: Од 1 јуни дозволени јавни собири до 1.000 луѓе и тестови за антитела на лично барање

0
157

Српскиот кризен штаб, со кој претседава премиерката Ана Брнабиќ, одлучил да дозволи собир до 1000 луѓе на отворено. Исто така, од 1 јуни ќе започнело тестирањето за откривање на антитела по барање на граѓаните.

Навивачите и гледачите на спортските натпревари ќе мора да се придржуваат на одредени мерки со цел заштита од коронавирусот како што е држењето на препорачаното растојание.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ изјавила дека на седницата на Кризниот штаб со кој претседава премиерката Брнабиќ, едногласно било решено да се релаксираат мерките во согласност со сегашната епидемиолошка состојба.

Од 1 јуни, сите граѓани кои немаат симптоми, а сакаат да направат брз серолошки тест за антитела, ќе можат да го сторат тоа по цена од 1.200 динари. Според одлуката, важно е да се нагласи дека овие тестови не се задолжителни и се прават исклучиво на лично барање.