Тетово, единствен град со забрана за јавен превоз – граѓаните бараат да се пушти, општината чека одлука од Влада

0
77

Тетово и натаму е единствен град во кој се уште е забранет градскиот превоз меѓу општините. Граѓаните сметаат дека треба да се олабават заштитните мерки за слободно движење.

„Мислам дека треба да се пушти но со внимание, со маска и ракавици и максимално внимавање, дистанца еден од друг, да немаме последици и зголемен број“, вели граѓанин.

„Секако дека треба. Можеби поради болеста, вирусот треба да се почитуваат правилата од државата“, посочи граѓанин.

„Треба уште некое време, но мислам дека е време да се пушти бидејќи луѓето треба да патуваат со автобус. Мислам дека ова е политичка работа“, истакна граѓанин.

Од туристичките агенции велат дека имаа големи загуби а нивните клиенти не можат да патуваат од село во град.

„Градскиот превоз го прави овој хаос што го гледаме сега, има движење на комбиња кои вршат превоз на луѓе но сега за сега е прекинат сосема, имаме пречки и ние како агенција или како бизнис. Имаат пречки и патниците, клиентите кои доаѓаат кај нас, не успеваат да стигнат на време, имаат пречки и во завршување на нивната работа, и  ние исто така, доцнат и не може да се заврши тоа што треба“, велат од туристичка агенција.

Од Кризниот штаб на општина Тетово велат дека пред една недела побарале од Влада за укинување на оваа мерка но се уште немаат одговор.

„Кризниот штаб останува на ставот за реализирање на мерките со проценка дека либерализацијата на мерките од една страна и зголемената свесност од друга страна може да даде поголеми резултати во борбата со Ковид-19. И во тој правец го повторивме барањето до влада за либерализација на транспортот организиран во Полошкиот регион, секогаш со цел во рамки на новите стандарди  превозот да продолжи организирано со цел граѓаните да стигнуваат на своите работни места“, истакна Теута Арифи.

На 18 април со одлука на КЗ на општина Тетово целосно беше прекинат  меѓуградскиот превоз и сите влезови и излези од општина Тетово. Во тоа време реагираа и возачите на комбиња од селата велејќи дека тие нема да ја почитуваат таа мерка. И наспроти оваа мерка од снимките може да се види дека превозот во Тетово со комбиња се одвива нормално.

Извор Тв21