Тетово – потенцијално ново жариште на ковид-19

0
70

Hа прашањето дали се очекува да има нови жаришта на ковид-19 и кои општини се најризични, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција го посочи тетовскиот регион.

„Последната голема изолирана бројка беше од скопската општина Чаир – дваесетина луѓе во врска со семеен настан, меѓутоа тука се веќе сите кои беа во самоизолација покажаа симптоми, дијагностицирани. Следно место во кое имаме таков одреден ризик е Тетово и околината на Тетово и тоа е нешто што го имавме во предвид и го дискутиравме утрово на состанокот, а утре ќе оди на дополнителен увид и специјалист од областа на инфективната медицина. Но, нема нешто што е ризик којшто е непредвидлив засега, имајќи предвид дека и во Тетово голем дел од новозаболените беа од познати заболени. Значи се е во рамките на тие веќе познати кластери, близок контакт внатре во еден кластер или меѓу познати кластери“,

изјави Филипче.

Филипче алармираше дека голем број на граѓани не ги почитуваат мерките за заштита и апелираше институциите активно да вршат контрола на терен.

„Не смееме да дозволиме сите жртви да пропаднат и да се вратиме на почеток. Ние без тоа нема да може да успееме. Тоа е суштински дел во нашата борба. И тоа ќе биде новата реалност. Мора да се навикнеме“, порача Филипче.

Извор 360