Трамп: видов докази дека коронавирусот излегол од кинеска лабораторија

0
147

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека видел докази кои го уверуваат дека коронавирусот излегол од кинеска лабораторија за вирусологија, повторувајќи ја теоријата за потеклото на вирусот. Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека ги видел доказите, но одби да даде специфики, додавајќи: „Не можам да ви го кажам тоа. Не ми е дозволено да го кажам тоа“. Овие коментари веројатно ќе ги продлабочат расправиите меѓу Соединетите држави и Кина во врска со потеклото на коронавирусот што се прошири во последните неколку недели. Трамп повторно шпекулираше дека коронавирусот може да се ослободи по грешка во лабораторијата, посочувајќи дека е можно Кина или не можела да го запре ширењето на коронавирусот или дозволила намерно да се шири.

Тој одби да каже дали го смета кинескиот претседател Си Џинпинг одговорен за дезинформациите за појавата на коронавирусот, но се закани дека ќе наметне нови снкции врз Кина. Сепак, тој посочи дека Кина сега „се обидува да биде потранспарентна“, во напорите да се открие како започна појавата на коронавирус. Оценките на Трамп дојдоа откако американските разузнавачки агенции соопштија дека сè уште испитуваат дали пандемијата може да е резултат на несреќен случај во кинеска лабораторија.