Трамп: Кажете му на лудакот од Кина дека се виновни за масовни убивања ширум светот

0
83

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нападна Кина обвинувајќи ја за „масовно убивање ширум светот“.

Трамп својот твит го упати кон „лудак од Кина“, што, како што пишуваат светските медиуми, е последен говор на омраза од Белата куќа кон Пекинг.

-Тоа беше неспособност на Кина, ништо друго не го направи ова масовно убивање ширум светот, напиша Трамп.

Трамп на почетокот на пандемијата не ја третираше како сериозно закана, но потоа почна со тврдења дека Кина овозможила масовно убивање ширум светот.

Белата куќа веќе обвини дека вирусот е создаден во лабораторија, но засега нема докази за тоа.