Трамп: СЗО е „кинеска марионета“

0
91

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Светската здравствена организација дека е „кинеска марионета“.

Тој повторно се закани дека трајно ќе го прекине финансирањето на Светска здравствена организација, ако во следните 30 дена СЗО не постигне одредени подобрувања.

Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлороквин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.

„Фокс Њуз“, кој важи за медиум близок до конзервативците, им порача на своите гледачи да не го следат примерот на Доналд Трамп, кој кажа дека зема лек за маларија за да се заштити од вирусот