Трамп: Mногу сум разочаран, не сакам да разговарам со Си Џинпинг

0
88

Во интервјуто кое е снимено во средата, Трамп повеќе се фокусирал на реакцијата на Кина за епидемијата отколку за потеклото на самиот вирус.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е многу разочаран од Кина, затоа што не ја сузбила епидемијата на коронавирусот и дека во овој момент не сака да комуницира со кинескиот претседател Си Џинпинг.

-Многу сум разочаран од Кина. Тие не смееа да дозволат да се случи ова- рече Трамп во интервју за „Фокс Бизнис“.

Тој се осврна и на претседателот Си Џинпинг, со кого рече дека има добри односи.

– Но, сега, не сакам да разговарам со него. Не сакам – рече Трамп, пренесува „Ројтерс„.

Во интервјуто кое е снимено во средата, Трамп повеќе се фокусирал на реакцијата на Кина за епидемијата отколку за потеклото на самиот вирус.

– Имаме многу информации и работите не се добри. Без разлика дали е од лабораторија или од стаорци, вирусот потекнува од Кина. Требаше да го запрат. Можеа да го запрат, кај самиот извор. Но, тој излезе од нивна контрола – рече Трамп.

Извор Слободен Печат