Трипуновски: Системот за засејување на облаците против град е нефункционален

0
78

Најголемдел од леите во овој атар на ова село и околината на општина Долнени се уништени, околу 80% од тутунот за расадување и во наредниот период ќе треба да се излезе во пресрет на овие земјоделци. Тука ќе апелирам и до институтот за тутун и до откупните компании кои што имаат евиденција односн знаат кои земјоделци го расадиле тутунот ако има останато да се помогне на овие луѓе. Меѓутоа она што сакам да го упатам како критика од лице место е тоа што министерот Трајан и владата на СДСМ пред неколку дена промовираа систем за засејување на облаците против град и можам со сигурност да кажам дека првиот тест беше неуспешен. Она што вчера се случи е доказ дека можеби тој систем не е функционален или пак тоа се залудно потрошени пари.

Јас колку што сум информиран тендерот кој што беше распишан за набавка за такво засејување на облаците кошта преку милион евра, тоа се пари на земјоделците и граѓаните на Р.Македонија, а гледаме дека на лице место тоа е многу нефункционално. Меѓутоа за сите постапки и целата онаа постапка како е набавена таа компанија за избор на засејувањена облаците против град во иднина ќе го проверуваме и ќе побараме одговорност за целата ситуација.

Меѓутоа она што исто така што доплнјтено ме загрижува е дека во наредниов период во текот на летото не дај Боже доколку имаме повторно вакви ситуации и во прилепскиот и во било кој дел на Р. Македонија таа интервенција која што ја најавуваше владата на СДСМ и министерот Трајан Диковски повеќе од очигледно е дека ќе биде неефикасна и нефункционална а тоа значи дека доплнително ќе се доведе до знак прашалник трудот на македонскиот земјоделец и целокупното земјоделско производство.

Прашање ?

– Видете јас како дополнителен заменк министер изминативе неколку месеци колку што сум на позицијата постојано апелирам и укажувам и до владата и до платежната агенција сите оние заостанати обврски кои што земјоделците ги имаат по основ обештетување од претходни години да им бидат исплатени затоа што секогаш сум се борел и ќе се борам приоритет да бидат земјоделците кои што се еден од стлбовите на македонската економија поготово ваква тешка економска ситиација која што не зафати со пандмијата од корона вирусот.

Постојано се повикува дека земјоделците треба да бидат приоритет а од друга страна гледаме дека владата има приоритет за набавка на апетисани и некои друг луксузи кои што изминативе месеци ги набавуваше а и ицемерно е од друга страна да кажува дека земјоделцте треба да бидат приоритет.

Јас ќе апелирам меѓутоа она што можам да им го ветам на сите земјоделци е дека по формирањет на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ земјоделците ќе го добијат правиот примат на уважувани граѓани на Р. Македонија.

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Извор Канал5