Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро

0
88

Црвена полуподморница од денеска ги краси водите на Охридското езеро. Станува збор за пловило со стаклен под преку кој туристите ќе можат да уживаат во подводниот животински и растителен свет на езерото и подводните арехолошки локалитети до 1 ипол метар длабочина.

Во полуподморницата има место за 12 лица. Тоа е првиот пловен објект од ваков тип кај нас и првиот кој носи сертификат од хрватски регистар на бродови како чамец за комерцијална употреба и тоа е многу важна квалификација вели капетанот Горан Устијановски.

Пловилото чини околу 130 илјади евра и е во сопственост на компанија од Кавадарци.

Со полуподморницата може да управува секој кој има дозвола за работа со чамец, а се очекува истата да биде вистинска атракција за гостите летово бидејќи значително ја збогатува туристичката понуда на градот.

Периодов наназад кружат најави за набавка на уште вакви специфични пловни објекти, но се зависи од деловната политика на субјектите кои оперираат на пазарот додаваат од Охридската капетанија.