Угостителите и гостите се однесуваат како во времето пред пандемијата, ќе следат казни (ВИДЕО)

0
131

Директорот на ДПИ Стојко Пауноски, на денешната прес-конференција потенцираше дека ќе има казни за сите угостители кои нема да се придржуваат кон протоколите.

-На вчерашната прес-конференција ги истакнавме протоколите за угостителите и тоа беше во насока за првите 10 дена инспекторите да помогнат за нивна примена.

Но, на терен утврдивме дека угостителите се однесуваат како во времето пред пандеимјата. Морам да искажам огромно разочарување од угостителите и оние кои ги посетуваат. Ние како ДПИ мораме да излеземе и секаде каде ќе констатитаме нарушување на протоколите изречени од Комисјата за здрвство и Владата ќе изречуваме казнени мерки од уредбата донесена од Владата.

Затоа ги замолувам сите угостители да припазат на протоколите, апелираме дека најголемиот дел од точките се применливи. Затоа апел до сите угостители, инспекторите се на терен и ќе бидат, се што ќе биде констатирано како нарушување на протоколите ќе постапуваме со казнени мерки, рече Пауноски.