Усвоен е протоколот за градинките

0
92

Владата го донесе протоколот за начинот како ќе функционираат градинките откако ќе се донесе одлука за нивно отварање.

Секојднева дезинфекција на објектите, надзор на децата за почесто миење на раце, отстранување на теписите и плишани играчки. Меѓу мерките се и задолжително мерење на температура на дечињата при влез во градинка но и ограничен број на деца: па така според протоколот во групите до 2 годишна возраст ќе може да има максимум 6 деца, додека од 3 до 10 години ќе има максимум 15 деца со по две негувателки. Секое дете ќе треба да има обезбдено креветче со по две постелнини а масите за седење да бидат одалечени до 2 метри.

• Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.

• Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

• Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.

• Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.

Иако протоколот е донесен отварањето на градинките нема да биде избрзана одлука.

Планот е веќе утврден заедно со Министетсво за труд и социјална политика, веќе почнуваат да се се отвараат и уписите за тие деца кои што не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата тоа оди паралелно со процеост со враќање на вработените и отварање на градинките. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме – изјави Венко Филипче- Министер за здравство.

Родителите ќе имаат обврска да однесат лекарска потврда од матичен лекар за здравјето на детето. При носење на детето во градинка задолжително ќе треба родителот да носи заштитна маска и ќе биде дозволен влез само во надворешниот дел и само за еден родител. Негувателките ќе мора да носат маски постојано, да ги разделуваат децата ако се блиску, почесто да им ги мијат рачињата. Владата го усвои и протоколот за упис и во средните и основните училишта – и за нив се предвидени посебени мерки како што се запишување на по едно дете во просторија која потоа ќе се дезинфицира и влез во средните училишта за упис до максимум 6 ученици.

Извор АлсатМ