Уште еден руски министер е позитивен на коронавирус , објави Путин

0
76

Тоа е шестиот висок владин претставник кој добил ковид-19 за време на пандемијата на коронавирус.

Досега се заразени над 250.000 луѓе во Русија, пренесува Ројтерс. Но, Ана Попова од јавното здравство, рече дека Русија успеала да го намали растот на инфекцијата, откако властите објавија дека бројот на заразените е помал од 10.000 во еден ден, за прв пат во две недели.

Путин на телевизиската седница на владата изјави дека 41-годишниот министер за наука и образование, Валери Фалков е позитивен на коронавирусот и го прашал како се чувствува. На ова, Фалков преку видео линк одговори дека е подобар и дека наскоро ќе се врати на работа. Фалков е четвртиот член на владата на Путин кој е заразен со коронавирус.