ФЕЈСБУК ОТКРИ ДЕКА МАКЕДОНСКИ ТРОЛОВИ БИЛЕ КОРИСТЕНИ ДА ШИРАТ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

0
90

Фејсбук повторно го забрани веб сајтот „Нечурал њуз“, познат по содржините поврзани со теории на заговор. Но, овојпат, забраната не е поради ширење дезинформации, туку поради тоа што веб сајтот користел т.н. фарми на тролови од Македонија и Филипини да ги шират неговите текстови, кои што најчесто содржат лажни информации за поврзаност на коронавирусот со 5Г, Бил Гејтс и хидроксихлорокин.

Фејсбук, исто така, открил дека троловите од овие две земји ширеле содржини од сестринските веб сајтови на „Нечурал њуз“, како „ЊузТаргет“ и „Брајтеон“, за вештачки да се зголеми популарноста на нивните текстови.

„Ги отстранивме овие страни поради спамирање и злоупотреби, не поради содржините кои што ги објавуваат. Тие ги доведуваат во заблуда луѓето во врска со популарноста на нивните објави и користеа фарми за содржини од Северна Македонија и Филипини“, соопшти Фејсбук.

Американската телевизија „Ен-Би-Си“ објави дека веб сајтот е еден од најголемите промотери на „Пландемија“, видеото со теории на заговор за коронавирусот, вклучувајќи го и тврдењето дека болеста КОВИД-19 е дел од план на властите да ја контролираат популацијата преку вакцини./sdk.mk