Филипче: Се намали бројот на заразени, но сега пак се враќа

0
96

Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во разговор за Утрински брифинг зборуваше за корона кризата во земјата и за медицинските последици од неа.

Инаку денеска Владата, како што вчера најави вицепремиерот Бујар Османи, треба да ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и ако има услови, ќе има олабавување на мерките.

За ситуацијата со коронавирусот во земјава, но и за одржување на изборите, ќе се расправа и на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.