Финансискиот владин пакет за помош пред антикорупционерите

0
100

нтикорупциска ги разгледува владините мерки за помош на граѓаните и фирмите, и платежните картички од 3, 6 и 9 илјади денари наменети за излез од корона кризата. За Алсат велат дека во пресрет на изборите заслужуваат внимание, но потенцираат дека немаат многу простор за реакција бидејќи со Уредба, Владата го укина членот 8-а, кој предвидува во предизборието да нема исплата на пари надвор од веќе предвидените. Уредбата ќе важи до престанок на вонредната состојба, со што ќе нема простор за стопирање на помошта која ќе биде исплатена до 30 мај. Спорни ќе бидат еднократните картички, бидејќи нивната исплата се планира по завршување на вонредната состојба.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека платежните картички ќе чинат многу повеќе пари, отколку што граѓаните реално ќе добијат.

„Чист поткуп во рамки на предизборието, кој го турка Зоран Заев, им ветува пари на граѓаните, како што и претходно ветуваше по 500 евра, 13 плата“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ велат дека ВМРО ДПМНЕ обвинува секогаш кога парите нема да завршат во нивните џебови.

„Конфузни се од ВМРО-ДПМНЕ од една страна бегаат од избори, од друга, не обвинуваат за некаков изборен поткуп. Ќе ги разберам нормално е кога ти е страв да се соочиш со избори а секако и со изборен пораз“, смета Косатадин Костадинов, СДСМ.

Владините мерки за финансиска помош чинат 650 милиони евра.