Цветан Крстески – уште една жртва на измама на ,,фаталната‘‘ прилепчанка

0
80

Вдовецот Цветан Крстески од Прилеп е уште една жртва на прилепчанката за која веќе постојат кривични пријави за кражба. Се запознале преку нејзина пријателка, а по година и пол заеднички живот, успеала да му извлече милион и шестотини илјади денари, преку банкомат, објави Сител.

За измамата тој дознал откако отишол во банка да извади пари. Имал само 1000 денари на сметката. Таа самата признала дека ги извадила парите, а го излажала дека ѝ требале за операција на детето на нејзината ќерка.

Два месеци по овој настан таа си заминала без никаква најава, а парите не му ги вратила. Трипуновски се пожали дека полицијата не презема никакви мерки.

Претходно, жената на сличен начин успеала да го измами 56 годишниот скопјанец, кој остана без своите 3000 евра, пари со кои планирал да исплати семеен долг.