Шведски епидемиолог за првите случаи со коронавирусот: Мислам дека имавме заразени уште во ноември

0
81

Истакнатиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој го привлече вниманието на светската јавност заради уникатниот и благ пристап на таа земја кон пандемијата на коронавирус, изјави дека во таа земја, во ноември 2019 година биле откриени лица заразени со смртоносната инфекција, Ковид- 19.

Тегнел рече дека ова се веројатно индивидуални случаи што биле откриени кај патниците кои доаѓале од Вухан.

“Немаше ширење на коронавирусот надвор од Вухан сè додека не пристигна подоцна во Европа. Сепак, мислам дека забележавме инфекција во ноември и декември кај луѓето кои патуваа од Вухан. Ова воопшто не звучи чудно, туку е сосема природно”, рече Тегнел за

Коментарот на Тегнел дојде само еден ден откако француската болница која испитува стари примероци на пациенти со пневмонија откри дека лекувала маж кој имал КОВИД-19 на 27 декември, скоро еден месец пред француската влада да ги потврди своите први случаи.

Ивс Коен, шеф на реанимација во предградието на Париз, за телевизијата БФМ изјави дека научниците преиспитале примероци од 24 пациенти третирани во декември и јануари, кои биле негативни за грипот.

„Од 24 пациенти, кои ги тестиравме, имаше еден позитивен на КОВИД-19 на 27 декември“, рече Ивс Коен.

Тој додаде дека репродуктивниот фактор е под еден неколку дена, што значи дека заразено лице инфицира помалку од едно лице во просек.

„Ова значи дека епидемијата постепено ќе се намалува“, рече Тегнел за телевизијата СВТ.

Овие пофалби беа изразени и покрај фактот дека Шведска, земја со 10 и пол милиони жители, досега има заразено повеќе од 23.000, а вкупниот број на загинати е 2.854.

Тоа е повеќе од нејзините северни соседи, кои воведоа построги мерки за спречување на пандемијата КOVID-19.

Норвешка, со население од 5,4 милиони, имаше вкупно 7.680 инфекции и 207 смртни случаи, а Финска, со население од 5,5 милиони, потврди 4.906 заразени и 206 смртни случаи.

Извор press24