Шпанија прогласи најдолг период на жалост во последните 40 години

0
74

Шпанската влада денеска прогласи десетдневна жалост за сите жртви од вирусот Ковид-19, што е најдолг период во последните 40 години.

За време на жалоста, која ќе почне утре, знамињата на 14.000 установи ќе бидат на половина копје, пренесува „Гардијан“.

Портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро изјави дека повеќе од 80 отсто од починатите се постаро од 70 години и оти тоа се кои помогнале денешната држава да се изгради.

Во Шпанија досега забележани се 27.119 смртни случаи, а заразени се 236.259 лица.

Кога во 1975. година почина диктаторот Франциско Франко во Шпанија беше прогласена жалост во времетрање од 30 дена.