Јана Белчева поднесе оставка од позицијата претседател на Советот на Општина Центар

0
140

Јана Белчева го напушти претседателското столче во Советот на Општина Центар. Несогласувања со дел од советниците ја натераа да си даде оставка. Во телефонски разговор за Телма, Белчева потврди дека донела таква одлука заради тоа што како што вели – кај дел од советниците, личниот интерес е пред интересот на граѓаните.

Оставката ја најави попладнево и во Фејсбук-статус, во кој напиша дека се оградува од секоја одлука донесена на денешната седница, иако дел од предлозите се нејзини.

Сега веќе поранешната претседателка на Советот имаше несогласувања со начинот на кој дел од советниците се мешаа во начинот на нејзиното водење на седниците уште во февруари оваа година.

Тогаш на седница се одлучуваше за Иницијативата на група граѓани и архитекти за земјиштето кај фабриката Треска. Белчева револтирано ја напушти седницата, а советниците останаа во салата и носеа одлуки и во нејзино отсуство.

Сега таа изјави дека во одлучувачко тело во Центар преовладуваат партиски членови кои не покажуваат волја за општествен напредок.

Јана Белчева нецели три години седеше во претседателското столче на Советот пред да ја напушти таа позиција.

Извор Телма