Хрватска најде решение за работа на куфулињата: Ќе им овозможи на угостителите да ги прошират терасите и градините

0
130

Градските власти во Бјеловар и Пула беа првите во Хрватска кои овозможија помош на угостителите по примерот од литванската престолнина Вилнус.

Всушност, таму на кафулиња, ресторани и баровите им ги оставија на располагање улиците за да ги прошират своите тераси, пишува Јутарњи.хр.

-Не измислив топла вода и нема да ја измислувам. Каде и да видиме добри и иновативни идеи, ќе ги примениме, вели градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак.

Хрватската влада донесе одлука да ги отвори кафулињата, рестораните и баровите на 11 мај, но исклучиво на терасите и со придржување на мерките за заштита, меѓу другото, задолжително растојание од два метри помеѓу масите и ограничен број од двајца гости на масата.

Извор Слободен Печат