27 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 18 лица

Министерството за внатрешни работи ја соопшти статистиката за изминатото деноноќие.

Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, напиша министерот Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација, напиша министерот Наќе Чулев на неговиот Facebook профил.