5 Мај – Ден на македонската азбука

0
27

Одбележувањето на значајниот јубилеј 75 години од озаконувањето на македонската азбука е во фокусот на денешниот датум, 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој се прославува од лани. Дефинитивното оформување на македонската азбука и правопис има долга предисторија, велат од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста.

Така, од 10 па сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.

Извор Maxfax