Без вообичаените манифестации и големи собири Европската унија денеска ја прославува 70-годишнината од формирањето. Овој 9 мај, денот кога се слави потпишувањето на Декларацијата на Шуман, документот-темел на идната ЕУ, поминува во невообичаена атмосфера. Ковид-10 ги натера европските институции, наместо да ги отворат своите врати, преку онлајн сесии и изложби да потсетат на значењето на овој ден.
„Германија ќе го преземе претседателството со Советот на ЕУ во јули. Нашата цел е Европа да излезе посилна од кризата создадена од пандемијата на коронавирусот и тоа ќе биде нашата улога“,
изјави германската канцеларка Меркел
„Да се осмелиме, осмислиме, обединиме, размислуваме и работиме за иднината, тоа е духот на Европа, кој ни треба денес повеќе од кога и да било“,
порача францускиот претседател Макрон.
Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, чија земја заедно со Шпанија беше најпогодена од коронавирусот и кој бараше позасилена европска асистенција за справување со ситуацијата, денеска рече дека на Унијата и треба дух на солидарност за да ја надминеме кризата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека „Европскиот проект се заснова на нашата заедничка историја, но исто така е рамка преку која се движиме кон иднината на заедништво, еднаквост и солидарност.“
Пендаровски: Ја очекуваме првата меѓувладина конференција
На Денот на Европа кога се слави и победата над фашимзот, шефот на државата порача дека уште од 1991 година македонското општество ја избрало ЕУ како своја стратешка цел и дека оваа година се остварил сонот на многу генерации – земјата ја добила одлуката за почеток на преговорите за членство и очекува наскоро да се определи преговарачката рамка по која, откако ќе биде прифатена од земјите-членки, ќе се одржи првата меѓувладина конференција.
North Macedonia’s President Stevo Pendarovski during a meeting with Serbian President Aleksandar Vucic (unseen) in Belgrade, Serbia, 22 November 2019. President Pendarovski is on a official state visit to Serbia.
North Macedonia’s President Stevo Pendarovsk in Belgrade, Serbia – 22 Nov 2019
Спасовски: Со членството во НАТО и ЕУ, обезбедуваме безбеден европски дом и иднина за младите генерации
Владина делегација денеска положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје. Во обраќањето премиерот Спасовски рече дека денеска, на ист датум се слават два големи дена – победата над фашизмот и создавањето на обединета Европа.
владина делегација пред споменикот на Ослободителите на Скопје
„Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците и датум за паметење на големото дело на борките и борците на партизанските единици од Народно ослободителната војна кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава. Обединети и единствени во овој избор околу европските вредности, можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Затоа во изминатите три години, после сите последни премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори, да направиме од нашата држава европски дом за сите зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа. Денеска, тоа е нашиот патриотизам“,
порача Спасовски.