Tetovo, кафулињата и рестораните чекаат зелено светло од владата за да почнат со работа

0
67

Рестораните и кафулињата во Тетово започнаа интензивни подготовки за нивното отворање. Повеќето од локалите ги прилагодуваат терасите за потребното растојание, но и масите кои по отворањето ќе бидат помалку во број со цел да се почитува растојанието.

„Ние направивме дезинфекција, како и подготовките, чекаме новини од Владата, за отворање или не отворање на рестораните“.

Иако сè уште нема официјална одлука од институциите, сопствениците на угостителските објекти велат дека започнале да прават подготовки засновани на она што го слушаат во вестите.

„Но, информацијата мора да ја дадат од Владата или министерството, да излезат со конкретни изјави и тогаш ќе видиме дали ќе ја продолжиме работата или ќе останеме затворени некое време. Пречката е голема, затоа што веќе два месеци сме затворени и верувам ако продолжиме со овие мерки, ќе имаме многу проблеми“.

Жителите на Тетово велат дека владата треба да започне со олеснување на мерките што е можно поскоро и да се врати во нормала.

„Мислам дека е време да се тргне полицискиот час и постепено да почнат луѓето да се вратат во нормален живот да започнат да излегуваат, бидејќи времетраењето на мерките преземени од владата беа доволни“.

„Навистина имаме недостиг, затворени сме веќе два месеци и не знаеме каде се луѓето“.

Токму отворањето на угостителските објекти, ден претходно, ги судри Министерството за економија и за Здравство. Вчерашната средба на која присуствуваа самите угостители, заврши без договор. Првата информација што ја добивме пред неколку дена беше дека кафулињата ќе се отворат од 11 мај. Овој предлог сè уште е на маса, но нема договор меѓу претставниците на кафулињата и рестораните, и Министерството за економија од една страна, и Министерството за здравство од друга страна.

Извор Алсат