Бајден обезбеди демократска номинација за борба против Трамп

Поранешниот потпретседател Џо Бајден обезбеди доволно делегати за да стане кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември против републиканскиот претседател Доналд Трамп.

„Чест ми е да се кандидирам заедно со една од најталентираните групи на кандидати дадена од Демократската партија и со гордост можам да кажам дека одиме на избори како обединета партија“, рече Бајден.

Тој синоќа ја помина границата на претставници од 1991 година, потребни за да се обезбеди номинацијата, откако доби резултати од седум држави и дистриктот Колумбија. Со тоа Бајден обезбеди доволно делегати за да стане кандидат на Демократите за изборите наесен.

Неговата победа е во голема мерка симболичка, бидејќи Бајден е единствениот демократски кандидат што остана во трката за номинација откако последниот кандидат, сенаторот Берни Сандерс, се повлече во април.

Во еден момент, дури 20 демократски кандидати се бореа за номинацијата, но со тек на време нивните изгледи исчезнаа. Самиот Бајден започна прилично бавно и ја обезбеди својата прва победа во Јужна Каролина кон крајот на февруари.

Бајден е ветеран на својата партија, е претходно беше заменик претседател во текот на двата мандати на поранешниот претседател Барак Обама.

Тој вети дека ќе избере жена за потпретседател, а големи шанси за тоа имаат неколку Афроамериканки.