Видео: Демонстрант запали полицаец во Мексико

Протестите се организирани откако Џовани Лопез е уапсен затоа што не носел маска.

За време на протестите во мексиканскиот град Гвадалахара дошло до инцидент во кој е запален полицац.

Во Мексико траат протестите и немирите заради полициската бруталност и смртта на мажот кој починал после апсењето, баш како што е случајот во САД каде е убиен Џорџ Флојд.

Протестите се организирани откако Џовани Лопез е упасет затоа што не носел маска а полицајците го претепале до смрт.

Видеото кое кружи по социланите мрежи покажува група полицајци на мотори, а во еден момент маскиран маж истура запалива течност на грбот на еден од полициските службеници и потоа ја пали.

За среќа, останатите присутни полицајци му помогнале на колегата и огнот е брзо изгаснат.