Влада: Од утре се враќа полицискиот час, карантин за Скопје, Куманово, Липково,Тетово, Штип…

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на засилени рестрикции за претстојниот продолжен викенд, информираше министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Се воведува целосна забрана на движење од утре (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро за сите општини во Скопје, за Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови, полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Останатите денови полицискиот час ќе започнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

„Комисијата за заразни болести правеше анализа и ги следеше трендовите на новозаболени, имаме неколку локации каде имаме брзо ширење на болести кои се резултат на непочитување на мерките што се главните причини за заболени во СКопје, КУмановско-липковскиот регион, Тетовскио, Штип и околината. ДОбро е што во останаите делови е добра ситуацијата. Добро е што во другите делови од земјата состојбата е стабилна. Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони и надвор од нив, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час“,

порача Филипче.