Во верижен судар на патот Струмица – Радовиш загина 34-годишен струмичанец, осуммина се повредени

34 годишен струмичанец загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш. Несреќата се случила синоќа околу 19.00 часот кај населеното место Василево откако се судриле три патнички возила, опел астра управуван од 55 годишен скопјанец, фоксфаген пасат управуван од34 годишниот струмичанец и ауди. Според очевидци, автомобилот опел астра бегал од полиција, затоа што пренесувал мигранти.

Полицијата информира дека во автомобилот опел астра се пренесувале 11 мигранти. Заедно со шоферот и сопатникот од другиот автомобил се пренесени во медицинскиот центар во Струмица каде им е укажана прва помош. Потешко се повредени три лица, додека петмина се здобиле со полесни повреди.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа на Свр Струмица. Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.