Ганиу: Не може само Чаир да се изолира, ние сме артерија за поврзување со Бутел и Шутка

Првиот човек на општина Чари, Висар Ганиу вели дека не може само Општина Чари да биде изолирана, како што се размислува поради зголемениот број на новозаразени лица со коронавирус.

„Имаме комуникација со кризен штаб постојано, но денеска го слушав внимателно министерот и од комисијата за заразни болести ќе треба да се добијат дополнителни информации. Не може само Чаир да се изолра, бидејќи Чаир е артерија за поврзување на Бутел и Шутка. Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен“, вели градоначалникот Висар Ганиу.

Денеска во Чаир регистрирани се 14 новозаболени лица од коронавирус.