Експлодирала градобијна ракета – повредени двајца вработени во Дирекција за заштита и спасување

Двајцата пиротехничари вработени во Дирекцијата за заштита и спасување се полесно повредени откако експлодирала ракета која се користи против град. Тие во тој момент вршеле дислокација на ракетите.

Директорот Аднан Џаферовски вели дека двајцата се вон животна опасност. Еден од вработените е со лесни пореди, а другиот минал само со гребници.

Ракетите по инцидентот се дислоцирани на сигурна локација. Инцидентот го потврдија и од СВР Куманово, но засега нема детали бидејќи допрва треба да се изврши увид.