Ердоган го укина полицискиот час: Ги послушавме реакциите на народот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека одлучил да ја укине забраната за движење која е прогласена на 4 јуну за претстојниот викенд.

Тој рекл дека ја донел оваа одлука заради спротивставувањето на јавноста, но предупреди на раст на дневниот број на заразени со коронавирус. Министерството за внатрешни работи на 4 јуни објави наредба граѓаните да останат во своите домови во 15 градови за да се спречи ширење на вирусот.

Ердоган во серија пораки на Твитер рекол дека владата морала да воведе забрана затоа шо дневниот број на инфицирани пораснал од околу 700 на 1.000.

-Сепак, реакциите кои ги примивме од нашиот народ не наведоа да ја преизпитаме таа одлука и забраната е укината, рекол турскиот претседател.

Тој ги повика граѓаните да ја почитуваат физичката дистанца и хигиенските мерки.