Заболен во сектор за образование на град Скопје, уште 28-мина од градската администрација во самоизолација

Од Град Скопје за Телма потврдија дека е потврден случај на заразен од корона вирусот во градската администрација.

-Станува збор за вработен во секторот за образование. Согласно протоколите и препораките уште 28 вработени во секторот кои се потврдени како контакт на заболениот се пуштени во самоизолација. Извршена е дезинфекција и чистење на просториите каде се движел заболениот службеник, ни одговорија од информативната служба на град Скопје.

Случајот е потврден вчера кога во Скопје имаше 67 заболени, а на ниво на државата вкупно 127 новодијагностицирани пациенти со Ковид 19.

Извор Телма