Заев до Мицкоски: Зоран Заев не го контролира судството и не крева телефони како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, затоа нема осудени политичари од предметите на СЈО

Во денешното “Отворено студио” на 24 телевизија, поранешниот премиер Зоран Заев, во дуелот со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, запрашан да ја искоментира улогата на СЈО и зошто речиси ниту еден политичар не одговараше за она што го слушавме во бомбите, со одговор:

“Судството во делот на кадровскиот потенцијал е исто како што беше и порано. Зоран Заев не штити никого, Зоран Заев ги објави сите криминиали на претходната власт и истите беа процесуирани со кривични пријави до Јавното обвинителство, а после СЈО ги презеде предметите. Јас сум бил тој којшто комплетно ги тргнал рацете од правосудството и се’ што е поврзано со него за да можат обвинителите да водат постапки, а судиите слободно да судат. Тука се’ е транспарентно и се’ е чисто. Зоран Заев не го контролира судството, ако Зоран Заев креваше телефон како што правеше ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе имаше луѓе во затвор. Јас се борев да нема влијание на судството, судиите се тие што носат пресуди и тие имаат одговорност за ефикасни и брзи постапки. Тука е нашето незадоволство и јавно и транспарентно го истакнуваме. Зтоа сега со законите има одговорност и за обвинителите и за судиите за застарување на предмети, манипулација на предмети, избегнување на докази, одење во пензија на поротници” – истакна Заев.