Зибери: Во Чаир има 169 активни случаи

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери денеска на прес – конференција изјави дека oние кои се позитивни и се без симптоми, се лекуваат дома, а оние кои имаат лесна слика, или се лекуваат дома, или се хоспитализираат.

Во Чаир има 169 активни случаи, односно најмногу. Понатаму, голем е бројот на заразени во Бутел, Сарај, Арачиново.

60 отсто од вкупниот број на заразени во Скопје се асиптоматски.

„Затоа треба да бидеме многу внимателни, затоа што има многу асимптоматски кои ја шират болеста“, вели Зибери.

Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица.

Рече дека ако не ги почитуваме мерките, само ќе ја одолговлекуваме пандемијата.