Индија на четврто место во светот по бројот на заразени со коронавирус

Со вкупно 297.535 заболени, Индија го достигна четвртото место во светот по бројот на заразени со коронавирус.

На прво место се САД, второ Бразил, на трето Русија, наведува Би-Би-Си. Во последните 24 часа во Индија се пријавени нови 10.596 случаи.

Вкупно починати се речиси 8.500 луѓе, соопшти индиското министерство за здравство.