Косово ја отвора границата со Албанија, се укинува самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без временските ограничувања кои беа во сила досега.

– Од понеделник граѓаните кои влегуваат во Косово нема да подлегнат на самоизолација и наместо да се тестираат тие ќе бидат прегледувани од екипите на здравствените центри на граничните премини. Исто така, од понеделник ќе се овозможи целосно слободно движење на луѓето и стоките, односно се укинува ограничувањето на движењето од 5 до 21 часот, изјави Земај.