Лутина и фрустрација на протестите во САД

Соединетите држави го доживуваат својот најголем излив на протести во изминативе години по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при неговото апсење. Флојд почина откако полициски службеник во Минеаполис со колено го притискаше на задниот дел на вратот скоро девет минути на градската улица.

Болките и страдањата на Флојд беа снимени на видео од неколкумина минувачи, а нивните снимки станаа вирални на социјалните мрежи, предизвикувајќи протести најпрвин локално во Минеаполис.

Сепак, гневот брзо се рашири низ САД, при што избувнаа протести во повеќе од 140 градови.

Некаде протестите се претворија во насилство и грабеж, поради што некои држави ја разместија Националната гарда.

Афроамериканците со децении се жалат на неправеден третман во спроведувањето на законот, вклучително и практиката да се запре некој врз основа на неговата боја, етничка припадност, религија или пол.

Афроамериканците сочинуваат околу 13% од американското население, но околу 60% од затворениците.

Тие ,исто така, со поголема стапка се убивани од полицијата.

Според анализата на „Вашингтон пост“, црнците сочинуваат 26% од убиените од американската полиција.

Тие сочинуваат една третина од невооружените лица убиени одполицијата.