Мицкоски обвинува дека владата нема стратегија, Манчевски бара одговорност за случајот „Боемска“

Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола вели опозицискиот лидер во своето видео обраќање на социјалните мрежи. Според него, релативизирањето и потценувањето на вирусот дополнително ќе ги влоши состојбите и ќе придонесе за негово ширење.

Мицкоски вели дека катастрофата од здравството се пресликува и во економијата што резултира со зголемување на невработеноста, намалување на приходите и нови задолжувања.

Во СДСМ сметаат дека економските мерки на владата даваат резултати, а партискиот потпретседател своето видео обраќање од карантин денеска го искористи за да побара кривична одговорност за Мицкоски затоа што седел во затворен дел на кафеана.

По новиот пик на корона вирусот во Македонија власта веќе неколку дена не го користи зборот избори и терминот 5 јуни, а опозицијата останува на ставот дека во овие услови, изборите не се опција.