Немири во Будва: Приведени 17 лица, полицијата ги растерува демонстрантите со солзавец (ВИДЕО)

Полицијата денеска попладне во Будва употреби солзавец, откако на граѓаните кои ја опколија полициската станица им е издадено предупредување да се разотидат.

 

Преведени се претседателот на Општината Марко Царевиќ, претседателот на Собранието на општината Крсто Радовиќ, потпретседателот и советник од Демократите Драган Краповиќ, како и советниците Ѓорѓија Вујовиќ и Ѓорѓе Прибиловиќ од ДФ, како и советникот од СНП Крсто Раѓеновиќ.

Недалеку од полициската станица е уапсен и познатиот боксер Никола Сјеклоќа.

Приведени се и началникот на Службата за заштита и спасување Драган Божовиќ и началникот на Службата за наплата на комуналиите Нино Калуѓеровиќ.

Потпретседателот на Општината Марко Марковиќ рече за Вијести дека бил во полициска станица зошто барал да види дали со приведените е постапувано согласно правилата. Рекол дека сите се добро.

Полицијата нешто пред 17 часот ги разби сите групи демонстранти.

По 17.30 часот повторно е фрлен солзавец кај Основното училиште Стефан Митров Љубиша, а потоа и на раскрсница каде избиле немири.

Посебната единица е доведена до основното училиште.

Директорот на Медитеранскиот спортски центар Никола Вучиќевиќ изјави за Вијести дека е фрлен солзавец во салата додека тренирале децата од КК Могрен, на возраст од девет до 12 години.

– Децата беа во ужасна состојба. Не знаеја што се случува зошто чад ја исполни салата. Медицински работници ги изнесуваа децата и успеаја да спречат пожар да избие зошто солзавецот паднал врз паркетот на салата, рече Вучиќевиќ.

Полицијата во текот на нередите фрлила солзавец и тргнала кон насобраните, кои го вратиле солзавецот кон полицијата. Припадник на Специјалната единица на полицијата за Вијести изјавил дека насобраните граѓани фрлале со камења кон нив. Пред полициската станица инспектори стоеле со гас маски.