Организација на потрошувачи: Граѓаните имаат право наместо ваучер за одмор да ги добијат парите назад

130 јавувања во организацијата за потрошувачи месечно од стартот на епидемијата од страна на граѓани кои барале совети и помош како да си ги земат парите назад за патувањата , кои ги уплатиле во декември и во јануари.

Од организацијата велат дека во ваква ситуација не може туристичките агенции да даваат ваучери за одложено патување. Голем дел од граѓаните останале без работа или со скратени плати и треба да се почитува нивното право на враќање на уплатените пари. Нелогично според Велков од организацијата за потрошувачи е да се нудат патувања на пример на средношколци кои завршуваат средно образование да патуваат наредната година, бидејќи тие ќе бидат на факултет и ќе имаат обврски со предавања и полагање на испити.

Од организацијата велат дека треба да се направи посебен фонд каде ќе може да се види кој сака ваучер, а кој да си ги поврати парите.

Извор Канал5