Пет случаи на коронавирус во домови за стари лица во Скопје

Пет позитивни случаи на коронавирус се откриени во домови за стари лица во Скопје преку скринингот за ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Станува збор за приватен дом за стари лица кој има два објекти во населбата Ченто и во село Кадино.

Министерот информира дека во едниот позитивни на коронавирусот се две штитенички, а во другиот тројца вработени.

„Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација“,

рече Филипче.