ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НА ЕУ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Европската Комисија следната недела ќе ја објави преговарачката рамка за Македонија – но што ќе донесе истата ? Ќе влезе ли Договорот за добрососедство во документот и дали Бугарија ќе излобира за вметнување на дел од барањата ?

Вицепремиерот Османи вели дека државата се координира и ги утрвдува позициите, иако како земја – кандидат не сме во позиција да влијаеме на документот од Брисел.

Бујар Османи вицепремиер – Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите. Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, туку повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција.

Зошто овој притисок од официјална Софија токму сега – се обидуваат ли соседите да покажат дека може да влијаат во текот на долгогодишниот преговарачки процес кој допрва ја очекува земјата?

Известувачот за нашата земја во европарламентот Илхан Ќучук потенцира дека во соседна Бугарија може да се гледа само како пријател и дека добрососедските односи се дел од преговарачкиот процес. Тој се надева дека двете земји ќе успеат да ги тргнат пречките по принципот на Германија и Австрија.

Илхан Ќучук известувач за Македонија во ЕП – Сметам дека беше грешка последното решение , историската комисија да не ја продолжи работата. Мислам дека се има потреба од слободен мандат односно науката да ги даде своите заклукоци а политичарите да ја градат иднината која треба да се однесува на подобри економски односи и културни врски.

Ако во март помеѓу земјите членки на унијата немаше расположение да се вклучат барањата на Бугарија во новата методологија, прашање е сега како Комсијата ќе успее да ја задоволи официјална Софија? Според аналитичарите најголемото прашање во моментот е каде и како ќе се најдат бугарските барања.

Симонида Кацарска – Видете Комисијата мора да ги земе во предвид бугарските барања, бидејки Комисијата е административната гранка на функционирањето. Дали и колку ќе ги вклучи директно во самата рамка е прашање. Јас очекувам и сметам дека Договорот за добрососедство со Бугарија во секој случај ќе се најде во рамката

Засега не се знае ниту како ќе функционира делот со кластерите , со оглед на тоа дека во делот на функционирање на демократијата има прашања кои што додега не беа дел од преговорите со останатите преговарачи. Затоа фокусот ќе биде на првиот кластер кој што и прв ќе се отвори а последен ќе се затвори. Не треба да се заборави и процесот на реверзибилност кој ќе започне да се применува токму со нас.

Во меѓувреме Еврокомесарите во Брисел вообичаено се состануваат во среда, оттаму се очекува и самиот документ Европската Космисија да го изгласа и објави следната среда на 10јуни. Веднаш потпа ќе се најде на маса пред земјите членки кои ќе треба да го одобрат пред да започне првата меѓувладина конференција.

Извор ТВ24